Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието.
-Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот - изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ.
Депонијата „Краста“ сместена на локалниот пат Куманово-Пчиња сè уште е нестандардна депонија. Таа треба да стане претоварната станица која ќе има капацитет од 10.000 тони на отпад, со зони за сортирање на разни типови на отпад, рециклиран, габаритен отпад, за компостирање. Отпадот ќе биде компактиран со стационарни преси-компактори, ќе има товарни рампи и вага за возила и ќе работат најмалку десет работници во една смена.
Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 100 до 120 тони смет.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
