Пожар во нова станбена зграда во Кисела Вода, станарите евакуирани

Рано утринава околу 5 часот избувнал пожар во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода. Настанот предизвикал паника меѓу станарите, кои биле разбудени од силен чад, тропање и звуци на детонации што, како што сведочат, личеле на експлозии.
Според првичните информации и сведоштва на жителите, пожарот најверојатно започнал од електрична инсталација на која претходно се изведувале работи. За кратко време густ чад го исполнил влезниот дел од зградата, што предизвикало итна евакуација.
Во паниката, семејства со мали деца и бебиња во раце брзале по скалите за да излезат од зградата, при што дел од нив излегле надвор без обувки и само во пижами, оставајќи ги своите лични работи и документи во становите. Детонациите, како што наведуваат жителите, се слушале и на повисоките катови, што дополнително ја зголемило паниката.
По инцидентот, зградата останала без електрична енергија, а станарите изразуваат загриженост дека санацијата и враќањето во нормала може да потрае со недели, па дури и со еден месец.
Дополнителна загриженост предизвикува фактот што во објектот има игротека и простор каде секојдневно престојуваат деца.
Полицијата од утрово е присутна на местото на настанот, додека надлежните служби треба да ги утврдат точните причини за пожарот и евентуалната одговорност. Станарите бараат итна и темелна истрага за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
-

Трамп изјави дека САД воделе „тајна мисија“ за да ја одржат отворена Ормуската Теснина
