Пожар во Прочистителната станица за отпадни води во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Пожар избувна синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Според информации од ТППЕ од Кочани, огнот се појавил на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Ова се случило околу 20:30 часот.
-Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат . Беше запален и зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе нема опасност. Фабриката продолжува да работи, ни изјави доцна синоќа, Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.
Предизвикана е само материјална штета, причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Брзата реакција на кочанските пожарникари спречила проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуална негово експлодирање.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
-

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме
-

Пет бродови нападнати во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец
-

Почина Кирил Поп Христов – Кили
-

Сончево и топло, наутро - 4 степени, преку ден до 21
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
