Пожар во тетовското училиште „Моша Пијаде“, шестмина вработени завршија во болница
Шест вработени побарале лекарска помош по пожар што вчера изутрина избувнал во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово.
Според информациите од полицијата, на 2 јуни 2026 година околу 09:50 часот настанал пожар во една кабина од машкиот тоалет во училиштето. Благодарение на брзата интервенција на вработените, огнот бил изгаснат со противпожарни апарати и хидранти, пред да се прошири на други простории.
При гасењето на пожарот, шестмина вработени – Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. – вдишале чад и биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со јавен обвинител. Се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
Ново на Сител
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
-

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Во фокус европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка
-

Утре дожд и постудено
-

Донесено решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет
-

Мислел дека нашол обично маче и си го однел дома, а всушност открил нов вид дива мачка по повеќе од 100 години
