Македонија
23. October 2022 - 21:15

Пожар во зграда во Штип

Две лица се полесно повредени во пожар кој доцна попладне околу 18:15 избувна во стан од зграда на улица „Широк дол“ во Штип. 
 
За кратко време огнената стихија се проширила и на соседниот стан. Соседите брзо реагирале и успелае на време да ги изнесат станарите, кои веднаш се пренесени во итната медицинска помош. 
 
Веднаш потоа пристигна и противпожарната екипа, која за кратко време го изгасна огнот, но се до 20 часот вршеше евакуација на останатите станари во зградата. 
оседите велат дека во станот немало струја, па претпроставуваат дека пожарот избувнал од запалена свеќа. На лице место пристигна и полицијата која ќе изврши увид и ќе се утврдат причините за пожарот.