Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот.
-На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево.
Втората интервенција се случила околу 17 часот, по пријава за шумски пожар во атарот на селото Црник, на локалитетот Гарваница.
-На терен излегоа осум членови на ДПД Пехчево со две возила, како и четворица вработени од Шумското стопанство „Равна Река“ – Пехчево со едно возило. Благодарение на брзата реакција и заедничката координација, пожарот исто така беше целосно локализиран и изгаснат, додадоа од ДПД Пехчево.
Оттаму изразија благодарност до сите нивни членови и до ШС „Равна Река“ за навремената и професионална интервенција, посочувајќи дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Блиску сме до конечно решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда, очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први
-

Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото
-

Пораст на бројот на посетители и на приходите од туризмот во Грција во првите четири месеци од годинава
-

MВР: Во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола
-

Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
