Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот.
-На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево.
Втората интервенција се случила околу 17 часот, по пријава за шумски пожар во атарот на селото Црник, на локалитетот Гарваница.
-На терен излегоа осум членови на ДПД Пехчево со две возила, како и четворица вработени од Шумското стопанство „Равна Река“ – Пехчево со едно возило. Благодарение на брзата реакција и заедничката координација, пожарот исто така беше целосно локализиран и изгаснат, додадоа од ДПД Пехчево.
Оттаму изразија благодарност до сите нивни членови и до ШС „Равна Река“ за навремената и професионална интервенција, посочувајќи дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет.
МИА
Ново на Сител
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
-

Монументална статуа на Меси тешка 70 тони
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
