Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот.
-На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево.
Втората интервенција се случила околу 17 часот, по пријава за шумски пожар во атарот на селото Црник, на локалитетот Гарваница.
-На терен излегоа осум членови на ДПД Пехчево со две возила, како и четворица вработени од Шумското стопанство „Равна Река“ – Пехчево со едно возило. Благодарение на брзата реакција и заедничката координација, пожарот исто така беше целосно локализиран и изгаснат, додадоа од ДПД Пехчево.
Оттаму изразија благодарност до сите нивни членови и до ШС „Равна Река“ за навремената и професионална интервенција, посочувајќи дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет.
МИА
Ново на Сител
-

Нов состав на Универзитетскиот сенат на УКИМ, за претседател со една година мандат е избран проф. Владо Бучковски
-

Украина нападна трафостаници во Крим, полуостровот остана без електрична енергија
-

Пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице
-

Победници во двојки на Macedonian Open 2026 се Марковски и Србљак
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
-

55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”
-

Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
