Пожарите кај Јасен, Кожуф и Долгаец се ставени под контрола, во моментов нема активни пожари
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територијата на државата регистрирани се вкупно четири пожари на отворен простор, од кои еден е изгаснат, додека три пожари се ставени под контрола.
Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде горело мешана шума, понатаму пожарот во општина Гевгелија на планината Кожуф, како и во општина Долнени кај селото Долгаец каде горело мешана шума.
– На ден 26.08.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија има вкупно четири пожари на отворен простор, нема активни, три се под контрола и еден пожар е изгаснат. Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума); Изнаснат во Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ѓубриште), стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час