Македонија
13. July 2025 - 16:48

Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари

Пожарот кај дојранското село Николиќ веќе седум дена не стивнува. Непристапниот терен, сувата и лесно запалива вегетација, како и ветрот кој периодично се појавува, се главните пречки за целосно елиминирање на огнот кој досега зафати површина од над 1.000 хектари.

На терен се ангажирани повеќе противпожарни екипи, како и вработени од Македонски шуми. Освен од копно веќе неколку дена се интервенира и од воздух, Со цел се спречи понатамошно ширење на пожарот, денеска беше вклучена и тешка механизација за проширување на патиштата и изработка на противпожарни пресеци.

Тонско Кире Михаилов заменик генерален директор на ЈП Македонски шуми

И додека надлежните екипи се борат со огнот, одредени граѓани продолжуваат да ја игнорираат забраната за движење во шумите, која е на сила од почетокот на јули. Само во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР Струмица затекнале осум лица како се движат низ шумски предели без да поседуваат одобрение издадено од Македонски шуми.

Контролите се спроведени со цел да се утврди дали граѓаните ја почитуваат одлуката за целосна забрана за движење во шума која важи до 31 август. За случајот е известена шумската полиција која е надлежна за поведување понатамошна постапка согласно Законот за шуми.