Пожарот во близина на Атина ставен под контрола, на Родос сѐ уште е активен
Уште една ноќ, пожарникарите во Грција се бореа со огнените јазици и успеаа да го стават под контрола пожарот што од понеделникот се ширеше во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, иако постојат повремени разгорувања, додека пак оној на островот Родос, што е во непрооден планински дел, сѐ е уште активен, јави дописничката на МИА од Атина.
Во пожарот во областа Мегара во близина на Атина предизвикана е материјална штета на домови, која дополнително ќе се проценува, огнените јазици се под контрола, но сепак и рано утрово се интервенира со воздушни средства поради постојани разгорувања.
На островот Родос од вторникот гори густа шума во непрооден дел во центарот на островот, гаснењето е од воздух и копно, а според локалните власти веќе изгореле 3.000 хектари.
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас преку социјалните мрежи соопшти дека во областа Месинија на Пелопонез вчера бил уапсен 30-годишен маж, кој признал дека подметнал три пожари, два во претходните денови и еден лани.
Паралелно во Грција денеска и утре пристигнува и меѓународна помош, пожарникари од Романија, Словачка и Полска и два авиони од Израел.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути