Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ

Пожарот кој вчера попладне беше ставен под контрола во пределот на тетовските села Рогачево и Јажинце, повторно е активен. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека синоќа околу 22:30 часот пожарот повторно се активирал, а утрово во 9:00 часот ситуацијата останува непроменета – пожарот и понатаму е активен.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов соопшти дека во текот на ноќта со помош на жителите на Рогачево успеале да изгасат една линија од пожарот.
-Доцна синоќа пожарот во атарот на село Јажинце, општина Јегуновце, повторно се реактивира. Набргу потоа поради лесно горливата висока трева, грмушки и смреки пропратени со подзасилен ветер, огнената линија стана подолга од еден километар движејќи се во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце. На патот бргу поставивме одбрана со десет ПП цистерни, 8 пинцгауери и еден воден топ на МВР за да не дозволиме огнот да помине преку патот, доколку дојде до него, информираше Ангелов.
Околу полноќ тој се искачил до линијата на огнот над патот и откако лично се уверил дека ветрот е поволен, горењето ослабнато и има услови за ноќно гаснење од земја, со неговиот возач и седум жители на Рогачево почнале гаснење на таа огнена линија.
-Гаснењето се одвиваше во две фази, гаснење, контролирање и догаснување на изгаснатата линија. Некаде околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева огнена линија во должина поголема од еден километар. Посебно голема благодарност до седумчлената чета на Цветко Војвода од Рогачево со која успеавме да спасиме неколку хектари трева, грмушки и шума, гаснејќи по исклучително тежок за движење терен, изложувакки се притоа и на определен ризик, информираше Ангелов.
Според него, десната огнена линија била далеку од нив и поради тешко пристапниот терен обраснат со густа вегетација полна со трње, не можеле да се пробијат до таму.
-Во овој момент изгаснатата лева линија покажува жешки точки и знаци на разгорување поради што е активиран полицискиот хеликоптер кој со прецизно фрлање на вода дејствува точка по точка. Еден крак од пожарот се движи во насока на с. Дворце кон скопската страна, информираше Ангелов.
Тој соопшти и дека министерот Тошковски синоќа ја посетил локацијата на пожарот, цела ноќ и утрово останал со луѓето ангажирани за гаснење на пожарот. На местото се наоѓаат пожарникари со навални возила од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци како и локално население.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
-

72-годишен маж од Зелениково починал откако бил прегазен од сопствениот мотокултиватор
-

Работник на ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко
-

Министерство за транспорт: За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите
