Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
Во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Нови Сад-Суботица, еден државјанин на Македонија загинал, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, потврдиле од Полициската управа во Суботица за „РТС“.
Возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело кон Хоргош, излетало од патот помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица, а потоа се превртело.
Сопатинкот со иницијали Н.А. (39) починал во несреќата, додека возачот А. А. (60) бил тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица, каде што ја прима потребната медицинска помош.
Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица излегле на местото на настанот.
Полицијата во Суботица наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот превоз
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
