Македонија
17. March 2026 - 11:12

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница, во атар на Виница.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.

-Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.  Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип констатирани во Општата болница Кочани, додаваат од МВР.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.