Познати имињата на замениците министри
Доскорешни министри, заменици, дополнителни министри, директопри, универзитетски професори, лекари се најдоа на списокот за пополнување на заменичките функции во министерствата.
Името на Кире Наумов е помеѓу најзвучните на листата. Дополнителниот заменик министер за финансии во техничката Влада сега ќе седне на позицијата Заменик министер за економија, министерство со кое раководи Крешник Бектеши. Наумов 20 години е вклучен во економските прашања поврзани со јавниот долг и јавните финансии, предизвиците на приватниот сектор и јавните политики.
Кире Наумов по завршувањето на еконосмкиот факултет во скопје, постдипломските студии ги релализира на економскиот факултет во Белград, а долги години работи и како асистент во областа математика и статистика.
Наумов беше и директрор на Агенцијата за разузнавање, а работел и како советник за економски прашања во Владата и кабинетот на претседателот од 2003 до 2006 година.
Доскорешниот министер за внатрешни Агим Нухиу, сега ќе биде заменик министер на Оливер Спасовски, функција која веќе еднаш ја обавуваше. Нухиу е доктор на правни науки на универзитетот во Тирана.
Беким Максути останува на позицијата на која беше поставен во Април 2016 година, односно заменик на министерот за одбрана. Овој мандат ќе ја менува Радмила Шекринска која го води секторот одбрана.
Доскорешната министерка за локална самоуправа Ширете Елези сега ќе биде заменик во ресорот финансии. На позицијата замник шеф на македонската дипломатија ќе седне Арта Точи од партијата на Села.
Адвокатот Оливер Ристовски ќе ја потполни заменичката фотеља во секторот правда, а Власте Димковиќ ќе биде заменик во минситерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Гинекологот Гоце Чакаровски од позицијата шеф на родилна сала во Битолската болница се сели во кабинетот наменет за заменик министер за здраство, секотор кој го води Таравари.
Виаср Гани ќе биде заменик во Образование и наука, а Елми Азири во труд и социјална политика. Дејан Павлевски од општинската организација на СДСМ Кисела Вода го доби заменичкото министерско место и во локална самоуправа. Владимир Лазовски ќе биде заменик во култура. Александар Бајдевски во МИОА. Ремзи Мехмеди седнува во заменичката фотења во транспорт и врски. На списокот заменици се најде и Јани Макрадули кои се враќа во политиката како заменик министер за животнма средина иу просторно планирање.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
