Спорт плус
7. September 2022 - 10:56
Познати полуфиналните двојки на ЕП во ватерполо
Познати се четирите селекции кои ќе се борат за медалите на 35-тото Европско ватерполо првенство што се одржува во Сплит.
Актуелниот светски против европскиот шампион, Шпанија против Унгарија ќе играат во првиот полуфинален меч закажан за утре од 18 часот.
Овие две репрезентации, пред две години, играа во финалето на првенството одржано во Будимпешта кога Унгарците по подоброто изведување на пенали стигнаа до европската шампионска круна.
Во второто полуфинале (20.30 часот) домаќинот Хрватска за противник ќе ја има селекцијата на Италија. Хрватите се надеваат дека конечно пред своите симпатизери ќе стигнат до медал, откако на последните две големи натпреварувања завршуваа како четврто рангирани.
Тоа ќе им успеа доколку го добијат утрешниот дуел против Азурите и се пласираат во финалето.
-
Игор Трепски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
