Познатиот американски новинар Такер Карлсон забележан во Москва, со намера да го интервјуира Путин

Такер Карлсон, поранешен водител на „Фокс Њуз„ пристигнал вчера во Москва и се шпекулира дека тој може да стане првиот западен новинар со шанса да го интервјуира Владимир Путин по руската инвазија на Украина, јави синоќа „Си-ен-ен“.
Телевизијата покажа снимки од руски новинари кои го следеле Карлсон по Москва, како тој се возел во московското метро, бил на претстава во Бољшој театар, како седи во луксузен ресторан или во својот хотел.
Тој постојано е цитиран во руските политички емисии како бранител на позициите на Москва со критики до Вашингтон и војната во Украина.
Според некои набљудувачи на состојбите, рускиот претседател бара начини да објави за намерата да се започнат преговори за регулирање на конфликтот во Украина.
Карлсон, кој беше еден од најпопуларните водители во десничарската телевизија „Фокс Њуз“ во декември започна стриминг емисија со претплата користејќи ја својата популарност меѓу конзервативните американски гласачи.
Интервјуто со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, што тој го направи на социјалната мрежа „Х“ лани во август, беше прегледано од 267 милиони корисници.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
