Македонија
2. July 2025 - 13:52

Пратеничка добила закани од лице кое било во „мерцедес“

Пратеничката С.П. од Скопје, денеска во два часот во Полициската станица - Кисела Вода пријави дека околу 23 часот на булеварот „Србија“, едно лице, кое било со патничко возило „мерцедес“ ѝ упатило закани, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.