Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
Пратениците од Алијанса на Албанците што се дел од Европскиот фронт на ДУИ се единствени, тврди лидерот Зијадин Села по информациите дека е можно прелавање на дел од нив во владејачките редови. Тој обвинува дека се прават спинови и се води специјална војна против неговите народни избраници за да се внесе недоверба во партијата.
Села се уште не располага со печатите на Алијанса што останаа кај поранешниот лидер Таравари, но тврди дека делегатите од партиското Собрание и довербата на гласачите се на негова страна. Апелира Апелацискиот суд да донесе конечена пресуда.
Ова крило на Алијанса денеска на Централно собрание треба да избере и централно Претседателство и други партиски органи, но ќе носи и одлуки што се однесуваат на политичката состојба. Села смета дека ни едно албанско прашање не било дел од Владината програма. Го обвини Таравари дека ја злоупотребил партијата за лични интереси и дека ссамо поради нив е во власта со Мицкоски и Вреди.
Алијанса на Албанците не е единствената од албанскиот блок што денеска носи одлуки околу раковдството. И Алтернатива која е дел од Вреди денеска во Куманово избира претседател. За лидерскотот место се најавува Зекирија Ибрахими, досегашниот генерален секретар на партијата. Вонредниот конгрес на Алтернатива следи откако Африм Гаши ја напушти лидерската позиција бидејќи стана претседател на Собранието.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
