Македонија
4. November 2020 - 17:09

Пратениците од владејачкото мнозинство не присуствуваа на Комисијата за надворешни работи

Позициите на официјална Софија за македонските евроинтеграции влегоа во Собрание, но без пратениците од владејачкото мнозинство. Тие не присуствуваа на Комисијата за надворешни работи што на оваа тема ја свика претседателот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа на Комисијата и зборува на темата користејќи ја можноста за процедуални забелешки.

Од власта велат нема што да се дебатира за идентитетитетот кој е потврден и кој се заснова на правото на самоопределување.

Идејата на Милошоски беше параламентот да донесе Резуоција за осуда на бугарскиот меморандум. Во собраниска процедура пак, веќе десетина дена е и Декларацијата з аосуда на бугарските позиции поднесена и од Левица, но која до сега не е ставена на дневен ред.