Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
На скала од 1 до 10, македонските пратеници во 2025 година добиле оценка 5,7 за начинот на кој зборуваат на собраниската говорница. Оценката се однесува на тоа колку нивните излагања биле аргументирани, а колку содржеле лични напади, квалификации или популизам. Иако станува збор за средна оценка, таа сепак е повисока во однос на претходните пет години.
Ова го покажува истражувањето на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, спроведено во рамки на програмата за поддршка на Собранието на Швајцарската амбасада и НДИ.
Граѓаните, пак, сè почесто бараат директна комуникација со пратениците.
Преку електронското закажување на веб-страницата на Собранието, реализирани се околу 700 средби со пратеници од нивните изборни единици. Најголем дел од средбите се однесувале на барања за вработување.
Но, интересно е што граѓаните избегнувале средби со пратеници од партии на кои не им се симпатизери.
Истражувањето за нивото на дебата во парламентот се спроведува веќе 12 години. Во тој период, македонските пратеници никогаш не успеале да добијат оценка повисока од пет за начинот на јавно обраќање.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
