Пред Алонсо, Рено разговарале со Ботас и Фетел
Тимот на Рено разговарал со Себастијан Фетел и Валтери Ботас за можен трансфер во францускиот тим пред да потпишат договор со Фернандо Алонсо.
Советникот на тимот Ален Прост призна за разговорите во промотивно видео за главниот спонзор на францускиот – „ДП Ворлд“.
– Фернандо беше еден од трите врвни возачи со кои разговаравме, другите беа Себастијан Фетел и Валтери Ботас. Валтери вози за Мерцедес и многу му е тешко да го напушти овој тим. За Себастијан, не знаевме која ќе биде неговата мотивација. Фернандо, од друга страна, секогаш ја покажува својата желба и мотивација да се врати во тимот. Дури и минатата година во Абу Даби имавме долга дискусија. Она што се случи со него и сите екипи вокои возеше беше мојата најголема загриженост, многупати разговаравме за тоа. Верувам дека тој ќе биде различен човек. Две години надвор од Формула 1 не беше лошо за него, според мое мислење, да има различни чувства и различно гледиште. Тој знае што ќе добие од презентацијата на автомобилот, знае дека 2021 година ќе биде малку тешка. Тој е подготвен за тоа, јас навистина мислам дека ќе биде многу поразличен човек од тоа што беше пред да ја напушти Формула 1, прокоментира „професорот“.
По трет пат во својата кариера, Алонсо ќе вози за тимот со седиште во Енстон, со кој ги освои своите две светски титули во 2005 и 2006 година. Тој ќе го замени Даниел Рикардо, кој оди во Мекларен, и ќе биде партнер со Естебан Окон, чиј договор со Рено трае до крајот на сезоната 2021 година.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
