Пред македонската Амбасада во Белград граѓани оддадоа почит за загинатите во Кочани

Пред Амбасадата на Северна Македонија во Белград граѓани со молк им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад и Кочани, јави МИА од Белград.
Тие им оддадоа почи на 15-те жртви од Нови Сад, и 59 од Кочани кои загинаа во пожарот и на членот на тимот на Брзата помош кој почина од срцев удар откако превезуваше повредени цела ноќ. Студентите положија цвеќиња и запалија свеќи пред Амбасадата, а им се придружија и граѓани.
Дипломатите од Северна Македонија излегоа да ги поздрават насобраните студенти и граѓани.
Меѓу присутните беше и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.
Студентите во блокадата на својот Инстаграм профил објавија дека поради трагедијата во Кочани, каде загинаа најмалку 59 млади лица, ги замолуваат граѓаните денеска да не учествуваат во активности кои вклучуваат бучава.
„Денеска е ден на жалост во Србија поради трагедијата во Северна Македонија. Денеска се солидаризираме и денот го поминуваме во тишина“, порачаа студентите во блокада.
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ се потпиша во Книгата на жалост што беше отворена во Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград, по повод трагедијата во Кочани, соопштија од кабинетот на министерот.
„Во овој тежок и трагичен час што ја погоди пријателска и братска Северна Македонија, Република Србија цврсто стои покрај неа во желбата да обезбеди секаква можна помош во згрижувањето на повредените граѓани“, напиша министерот, наведувајќи дека српските лекари ќе се грижат за сите повредени кои се примени на лекување во Белград и Ниш како да се нивни најблиски и ќе се потрудат да им помогнат.
Ѓуриќ истакна дека Србија ја споделува огромната болка што ја чувствува секој граѓанин на Северна Македонија и тагува заедно со своите браќа Македонци, прогласувајќи го 18 март за Ден на жалост и спуштајќи ги знамињата на половина копје.
„Испраќам зборови на утеха и сочувство до семејствата на жртвите во нивната огромна болка, а искрени желби за успешно и брзо закрепнување на повредените“, напиша министерот Ѓуриќ.
Ново на Сител
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
