Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка.
Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија, заемот ќе се повлече во една транша во согласност со роковите и условите утврдени во договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс-период од три години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР, зголемен за маргина што изнесува 2,10 проценти.
- Република Северна Македонија ќе им плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 процент од износот на заемот. Република Северна Македонија на агентот на заемодавачите ќе му плаќа провизија во висина од 12.500 евра на годишно ниво - се посочува во предлог-законот објавен на собраниската веб-страница.
На дневен ред на собраниската седница се и Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2027 - 2031 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
-

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
-

Официјално: Фабијани нов тренер на Вардар
-

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт
-

Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
