Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, соопшти вечерва Јавното обвинителство.
Како што појаснуваат, осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка „Фолксваген голф 3”. Тој го искористил фактот дека автомобилот бил оставен отклучен и со клучеви во бравата за стартување, па без да биде забележан влегол во возилото, го стартувал и го одзел.
Ноќеска, пак, во угостителски објект на Кеј, во непосредна блзиина на Младинскиот културен центар, осомничениот со тврд погоден предмет и физичка сила го отворил прозорецот од кујната од каде влегол во објектот. Извршил претурање и одзел една внатрешна единица за клима уред, звучник, повеќе алкохолни пијалоци, храна и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, а со провалувањето причинил и материјална штета околу 6.000 денари.
- Бидејќи недвосмислено постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, информира ЈО.
Ново на Сител
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир
-
Во Собрание седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица
-
Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони