Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија во значителна вредност од 507.632.173 денари.
-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и други лица. На сите обвинети им се става на товар кривично дело - Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4 в.в. став 1 в.в. член 22 од Кривичниот законик. Преку автоматска распределба предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска - Јовевски и истиот е насрочен за 24 август во 10 часот - инфирмираат попладнево од Кривичен.
Првообвинетиот - поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами сè уште е недостапен на органите на прогон, односно тој е во бегство, и за него Обвинителство бара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена, додека за вториот обвинет – Артан Груби, предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.
-Со оглед дека Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог, мерката притвор согласно со член 470 став 4 од Законот за кривична постапка може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесување на предлогот до завршување на главната расправа, односно најдолго 60 дена од денес – информираат од Кривичен.
Груби, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
