Македонија
3. August 2026 - 14:35

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар

Четиригодишно дете од Скопје прегазено во Гостивар, пренесено на скопските клиники.

- Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е пренесена Комплексот клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје, инфомрираа од тетовската полиција.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.