Преглед на вестите од светот
Вооружени напаѓачи киднпаираа повеќе од 300 ученчки од католичко училиште во Нигерија. Полицијата соопшти дека бандите упаднале во училиштетот Света Марија во местото Папири вчера во раните утрински часови и ги грабнале ученичките.
Еден чувар бил затсрелан. Безбедносните сили ги пребаруваат околните шуми. Училиштетот Света Марија го посетуваат девојчиња на возраст меѓу 7 и 17 години.
Двајца осумнаесет годишници се осомничени дека го предизвикале катастрофалниот пожар во напуштениот облакодер Вјесник во Загреб, соопшти тамошната полиција по завршената кривична истрага. Тие се товарат за тешка кривични дела против јавната безбедност како и загозување на животот и имотот со општо опасно дејствие.
Според истрагата, двајцата осомничени влеге во објекетот заедно со уште неколку малолетници и запалиле каротнска кутија полна со хартија на 15-тиот кат. Пожарот брзо се проширил, предизвикувајки голема материјална штета на објектот.
Влегувањето во напуштената зграда било дел од популарен тик ток предизвик. Случајот отвори сериозни прашања за заштитата и надзорот на напуштените објекти во Загреб, кои се почесто стануваат цел на младински групи инспирирани од социјаланите мрежи.
Во Хрватска падна првиот снег оваа сеозна. Снежните врнежи ги зафатија Загреб, Карловац, Бјеловар, Кутина и Сисак.
Снегот предизвика проблеми во сообраќајот а надлежните служби апелираат до возачите за зголемена претпазливост и прилагодување на брзината кон зимските услови, нагласувајќи ја потребата од задолжителна зимска опрема. Некои патишта се затворени.
Според метеролошки извештаи снежните врнежи во делови на Хрватска ќе продолжат и во наредните денови.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
