Преглед на вестите од светот
Русија изврши масовен напад со над 600 дронови и 30 проектили врз Украина во раните утрински часови. Најмалку три лица загинале според извештаите на украинските власти.
-Цел на нападите беше критичната енергетска инфраструкутра на компанијата Укренерго што резултираше со прекини во снабдување со електричната енергија во повеќе региони, вклучувајќи го и главниот град Киев, изјави Зеленски.
Според украинскиот претседател Русија со овие напади среде зима врши дополнителен притисок врз Украина да прифати услови на Москва за примирје во тековните преговори за крај на војната. Бара САД и ЕУ да извршат поголем притисок врз Русија за да ја заврши војната. На руските напади, Киев возврати со удари врз руската нафтена индустрија. На мета постројката Ставролен во сопственост на Лукоил.
Четири лица се уапсени по насилниот протес одржан синока во Тирана, органзииран од албанската опозиција.
Демонстрантите фрлаа Mолотови коктели врз зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама, барајќи оставка од владата откако Специјалното обвинителство подигна обвинение против вицепремирката и министерка за енергетика, Белинда Балуку за наводна корупција и побара Парламент да и го одземе имунитетот, за да се овозможи нејзино апсење.
Демонстрантите направија обид да се пробијат полицискиот кордон околу зградата, судирајќи се со органите на редот. Полицијата објави дека тројца полицајци и еден фоторепротер се повредни.
Дедо Мраз тргна да им ги испорача божикните подароци на децата ширум светот, а го испратија помошниците од неговиот дом во Лапонија. До Дедо Мраз пристигнале илјадници писма од сите страни на светот а Џуџињата откриваат дека децата и годинава најмногу бараат книги, лего, кукли и електроника.
Голем број туристи се собраа во Рованиеми, каде што се наоѓа домот на Дедо Мраз. Пред да замине на патувањето, Дедо Мраз испрати божиќна порака. Пообара од луѓето да размислат за тоа како празничната сезона може да ги зближи.
„Среќен Божиќ на сите. Низ историјата, Божиќ ги зближувал пријателите и семејствата, селата и градовите, дури и нациите и луѓето преку границите. Да се биде заедно е дар што сите можеме да го дадеме и да го примиме на Божиќ, а се надевам и секој ден. Овој Божиќ, се надевам дека сите ќе имаат на ум дека имаме еден свет, еден заеднички дом. Сите ќе можеме да одвоиме еден момент да размислиме како Божиќ може да нè зближи еден со друг, како сите можеме да живееме во мир заедно. Затоа, среќен и мирен Божиќ.“
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
