Loading Video...
Свет
24. December 2025 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Украинското воено разузнавање потврди дека стои зад  утринскиот напад во Москва во кој загинаа двајца полицајци Според Рускиот истражен комитет, полицајците се приближиле до сомнително лице во близина на полициско возило, по што напаѓачот активирал експлозивна направа. Нападот се случи во непосредна близина на местото каде што само два дена претходно беше извршен атентат врз висок руски генерал со автомобил-бомба. Во мегувреме 

Укранскиот претседател објави детали од нацрт-рамката за мировен договор од 20 точки, изработена во разговори со Соединетите Американски Држави, која Киев ја гледа како основа за идни договори за крај на војната со Русија.

Зеленски  призна дека Украина и САД   не  постигнале  согласност за територијланото прашање и статусот на нуклеарната централа Запорожје .За Запорожје, , американската страна разгледува модел на заедничко управување со Украина и Русија во рамки на заедничко претпријатие, додека Киев се залага за варијанта во која би учествувале само Украина и САД. Кај територијата, Русија бара украинско повлекување од делови што Киев сè уште ги контролира во источниот Донецк, додека украинската позиција оди кон замрзнување на линиите на сегашниот фронт; во игра се и американски идеи за демилитаризирани појаси и слободна економска зона. Од Кремњ соопштија дека претседателот Путин е информиран за мировните предлози на САД и дека подготува одговор. 

Папата во божиќната миса побара барем еден ден мир во светот. Едно од нештата што ми предизвикува голема тага е фактот што очигледно Русија го отфрли барањето за примирје. Уште еднаш, упатувам барање до сите луѓе со добра волја: да го прослават, барем на празникот на раѓањето на Спасителот, денот на мирот. Можеби ќе нè послушаат. И нека има 24 часа мир низ целиот свет.“

Итен состанкот на Советот за безбедност на ОН поради тензиите меѓу Вашингтон и Каракас. Соединетите држави најавија воведување максимални санкции, со цел да ги ускратат финансиските и економските ресурси на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот наркокартел. Администрацијата на американскиот претседател  ТРамп со месеци води кампања на  напади врз бродови покрај венецуелскиот брег и пацифичкиот брег на Латинска Америка за кои тврди дека шверцуваат дрога од Венецуела и заплени два  венецуелски нафтени танкери.  

„Соединетите Американски Држави не го признаваат Николас Мадуро или неговите соработници како легитимна влада на Венецуела. Реалноста на ситуацијата е дека санкционираните танкери за нафта функционираат како примарен економски спас за Мадуро и неговиот нелегитимен режим. Санкционираните танкери, исто така, ја финансираат нарко-терористичката група Картел де лос Солес.“

Венецуелскиот амбасадор во ОН   посочи дека картелот за кој зборува Валц е непостоечки. Предупреди дека Венецуела е само почеток. Американската влада сака да доминира на целата Западна хемисфера. 

„Владата на Соединетите Американски Држави, агресорот, бара од својот пропаганден апарат да ја претстави пред светот како жртва за да започне вооружен конфликт. Ја осудуваме оваа опасна манипулација и го уверуваме светот дека нема да ја изгубиме смиреноста, нема да ја изгубиме смиреноста во одбраната на мирот на нашата нација. Повторуваме, заканата не е Венецуела. Заканата е владата на Соединетите Американски Држави.“

Кина и Русија ја ктитикуваа политкката на САД кон Венцееуала. Оценија дека, постапките на Вашингтон ризикуваат понатамошна ескалација во регионот. Велика Британија, Франција и другите европски држави во Советот повикаа на деескалација и мирно решавање на конфликтот без директно критикување на администрацијата на Трамп.