Преглед на вестите од светот
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски пристигна во Мајами каде вечерва во 19 часот по средно-европско време ќе се сретне неговиот американски колега, Доналд Трамп. Средбата доаѓа четири дена по објавувањето на нацрт-договорот за ставање крај на војната. Се очекува двајцата лидери да ги разгледаат отворените прашања и да покажат дека Москва, а не Киев останува пречка за мир.
Москва не учествува во овие преговори. Во оваа фаза, предизвикот е да се усогласат позиците меѓу Киев и Вашингтон, чиј сојуз, чиј сојуз стана неизвесен откако Трамп се врати во Белата куќа.
Во пресрет на средбата Трамп – Зеленски, Москва вчера го нападна Киев. 28 повредени и огромна материјална штета беше билансот од руските дронови. Вчера Зеленски, пред да замине за Соединетите Американски Држави беше во Канада кадешто се сретна со канадскиот премиер Марк Карни.
- Ни требаат две работи: притисок врз Русија и доволна, силна поддршка за Украина. Ќе разговараме за тоа, ќе разговараме за воздушната одбрана, рече Зеленски на средбата.
Според пишувањата на западните медиуми, ажурираниот предлог договор за ставање крај на војната во украина предлага безбедносни гаранции од САД, НАТО и Европа за координиран воен одговор доколку Русија, сепак, повторно ја нападне Украина. Слободна економска зона е потенцијална опција за источниот регион Донбас од кој Путин не сака да се откаже.
Српските студенти почнаа да собираат потписи во Белград за да обезбедат поддршка за нивното барање за предвремени парламентарни избори.
Голем број граѓани, вклучително и семејства со деца, чекаа во редици пред поставените маси за да се потпишат и да ги остават своите контакт податоци во знак на солидарност со протестот предводен од студентите.
„Мислам дека ова е можност за сите нас да се собереме и да ја покажеме нашата поддршка кон студентите, но исто така и да се поддржиме себеси (граѓаните), бидејќи она што се случува сега во Србија е борба во која сме вклучени сите ние и оваа борба би требало да донесе нешто подобро за сите нас.“
Масовните протести во Србија точнаа пред една година откако по уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 луѓе, меѓу кои и еден Македонец. Инцидетот предизвика јавен револт поради сомнежи за корупција, но и недостаток на одговорност.
Косово гласа на предвремени парламентарни избори. Премиерот Албин Курти го даде својот глас во обид да обезбеди мнозинство за да стави крај на едногодишниот политички ќорсокак што го парализираше Парламентот и го одложи меѓународното финансирање.
Ги повикувам сите граѓани на Косово да ги искористат своите права и да ја искористат оваа можност да одлучат за 10-от законодавен дом (Собранието на Република Косово) на нашата земја. Истовремено, сакам да нагласам дека кампањата беше мирна и содржајна, и сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои учествуваа во оваа кампања за нивното трпение и за нивното внимание. Но, во исто време, сакам да истакнам дека поголемата излезност на граѓаните значи две работи: повисок квалитет на севкупниот избор, на составот на следниот парламент, но истовремено и поголем легитимитет за нашите институции. Штом биде познат изборниот резултат, ќе сториме сè што знаеме и умееме за да имаме конституирање на парламентот што е можно поскоро и да продолжиме со нова влада.
Ова се втори избори годинава, откако Курти, не успеа да освои мнозинство во февруари. Опозицијата одбива да соработува со Курти, бидејќи го критикуваат неговиот начин на одржување на врските со западните сојузници и неговиот пристап кон северот на Косово каде живее српското малцинство.
Почина Брижит Бардо. Француската актерка која своевремено беше секс симбол, но и филмска легенда почина на 91 година. Родена во Париз во 1934 – пораснала во семејство од висока средна класа. Себеси се опишуваше како срамежливо, несигурно дете кое носело очила и имало тенка коса. Кариерата ја почна на 15 години со насловната страница на магазинот „Еле“ како манекенка, што потоа ја одведе во светот на филмот. Таа беше икона. Дури и на меѓународно ниво. Брижит Бардо, за мене – човек на одредена возраст сега – јас отсекогаш сум ја знаел ерата на Брижит Бардо. Ги ценевме нејзините филмови. Некои од нејзините први филмови предизвикаа бура, не скандал, туку... Не. Не, за мене е шок да дознаам дека таа починала. Подоцнежните години на Бардо беа обележани со кампањи за правата на животните, но и симпатии кон екстремната десница.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
