Преглед на вестите од светот
На секоја точка на светот пристигна новата 2026 година.
Наместо огномети оваа година во Киев одекнуваа сирените кои предупредуваа за руски воздушни напади
Американскиот претседател Трамп беше прилично елегантен на донаторската забава која ја организираше на својот имот Мар а Лаго на Плам бич во Флорида. На неа со 100.000 долари ја почна аукцијата за сликата на Исус која на самата забава ја наслика сликарката Ванеса Хорабуена и која на крајот се продаде за неверојатни 2,75 милиони долари. Наддавањето го водеше американскиот претседател.
Повик на обединување во верата во Бога како упати и римокатоличкиот папа Лав 14.
- На овој свечен празник, на почетокот од новата година, како што се приближуваме кон завршувањето на Јубилејот на Надежта, да се приближиме до сцената на Рождеството во вера, како крајно место на невооружен и разоружувачки мир, место на благослов каде што се потсетуваме на чудесата што Господ ги извршил во историјата на спасението и во нашиот живот.
Низ светот, влезот во новата година е поврзан со различни традиции.
Од полноќ Бугарија е новата 21 земја членка на Еврозоната.
Влезот во Еврозоната доаѓа во атмосфера на поделеност во бугарското општество околу потребата да се прифати единствената европска валута.
Истовремено, земјата е во политичка криза по масовните протести против актуелната влада која под притисокот си поднесе оставка по што земјата веројатно ја чекаат нови избори.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
