Преглед на вестите од светот
Пет години немало испекции за противпожарна безбедност во барот Ле Констелејшн во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, кој се запали за време на новогодишната ноќ, при што загинаа 40 лица а 116 беа повредени.
Градоначнакот на Кран Монтата соопшти дека противпожарите инспекции треба да се спроведуваат годишни во браровите во градот и дека последната во 2019 во Ле Констелејшн била позитивна.
-Периодични (противпожарни) инспекции не беа спроведени помеѓу 2020 и 2025 година. Општинскиот совет стана свесен за оваа ситуација откако ги разгледа документите доставени до канцеларијата на јавниот обвинител минатиот викенд. Длабоко жалиме за ова. Судовите ќе го утврдат влијанието на овој пропуст врз низата настани што доведоа до трагедијата. Ќе ја преземеме целата одговорност што ја утврдуваат судовите., изјави градоначалникот на Кран-Монтана, Николас Феро.
И покрај јавното признавање за пропустот, градоналникот Феро истакна дека нема да поднесе оствака, изјавувајки дека не го напушта бродот во вакви моменти. Прелиминарната истрага покажа дека до пожарот дошло поради пиротехника поставена на шишиња шампањ кои биле доближени до таванот обложен со звучна изолација од лесно запалив материјал.
Лидерите на земјите членки на Коалицијата на подготвените за поддршка на Украина се собраа во Париз за да ги дефинираат безбедносните гаранции за Киев кои би служеле како алтернатива на членството во НАТО во случај на прекин на огнот. На состанокот учествува и украоснкиот претседател Зеленски.
Колацијата на подготвените е составена од 35 земји, претежно европски земји. И покрај тоа што САД не е членка, во разговорите за Украина во Париз учестуваат специјалниот пратеник на претседателот доналд ТРамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер.
-Почнувајќи од 6 јануари во Париз, многу европски и сојузнички држави ќе преземат конкретни обврски за заштита на Украина и обезбедување праведен и траен мир на нашиот европски континент, Емануел Макрон, претседтаел на Франција.
Според наајвите, по завршување на состанкот на коалцијата на подготвените, Викотв и Кушнер ќе одржат состанокот само со Зеленски.
Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на реки и поплави во делови на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Регистрирани се свлечишта, а прекините во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија ги отежнуваат напорите на надлежните служби додека водостоите продолжуваат да растат.
„Ситуацијата е многу алармантна. Водата навлегла до два метра во куќата. Многу е опасно. Има огромна количина вода, па дури ни реката не е во состојба да се ослободи од целата оваа вода. Тоа е катастрофа. Кога се разбудив утрово, видов два метра вода. Моето семејство беше таму - моите родители и мојата ќерка, која има ограничени способности. Мораа да бидат евакуирани со мал гумен чамец. вели Фејза Хазарај, жител на Глоговц, Косово.
Властите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово апелираат до граѓаните да ги следат официјалните известувања и да избегнуваат движење во критичните зони додека не се стабилизираат временските услови.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
