Преглед на вестите од светот
Снежната бура Горети погоди делови од Европа. Невремето предизивка пад на температурите и проблеми во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај, затвори училишта и прекини во снабдувањето со електична енергија во Франција, Холандија, Велика Британија, Белгија и Романија.
Најмалку 6 лица лица загинаа во Југозападна Франција поради инциденти поврзани со невремето. На париските аеродроми, вклучувајќи ги Шарл де Гол и Орли, беа откажани околу 140 летови, оставјки илјадници патници заглавени на аеродромите. Во Холандија снежните врнежи го затворија аеродромот во Амстердам и откажаа 700 летови.
Снежната покривка донесе радост кај децата, но не остави рамнодушни ниту возрасни.
И делови на Балканот под снежна блокада. Снежно невреме предизвика сериозни прекини во железничкиот сообраќај во Хрватска, при што патници во воз на линијата Загреб – Сплит останаа блокирани на железничката станица во Книн повеќе од 12 часа.
Путин присуствуваше на божиќната литургија во црквата „Свети Ѓорѓи“ во близина на Москва. По завршуавњето на мисата, шефот на Кремњ ја поздрави „светата мисија на руските војници да ја бранат татковината“, поврзувајќи ја церемонијата со празнично обраќање за единство, милосрдие и поддршка на вооружените сили.
-Денес го славиме светлиот и радосен празник Божиќ. Често го нарекуваме Господ „наш Спасител“ затоа што тој дојде на земјата да ги спаси сите луѓе. Исто така, руските воини отсекогаш, како по Господова заповед, ја извршувале оваа мисија на одбрана на Татковината и нејзиниот народ, спасувајќи ја Татковината и нејзиниот народ. Во секое време во Русија, луѓето така ги сметале своите воини, како оние кои, како по Господова заповед, ја извршуваат оваа света мисија.“
Украинските власи објавија дека во руските воздушни напади врв градот Дњепар рано утрово погодени се станбени блокови и градинка ,а повредени се седум лица.
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави дека САД и сојузниците на Украина од таканаречената „Коалиција на подготвените“ постигнале значителен напредок во преговорите за клучни прашања поврзани со безбедноста и економското закрепнување на Украина.
-Мислиме дека во голема мера сме завршиле со безбедносните протоколи кои се важни за народот на Украина да знае дека кога ова ќе заврши, ќе заврши засекогаш. Но, исто така критички размислуваме дека сме многу, многу блиску до завршување на најцврст договор за просперитет што која било земја некогаш го видела каков што видел од конфликти како овој. Ние сме тука да посредуваме и да помогнеме во мировниот процес и сме подготвени да направиме сè што е потребно за да стигнеме до тоа место.
Британскиот премиер Стармер и францускиот претседател Макрон потврдија подготвеност за распоредување војници во Украина. Планот предвидува меѓу 15.000 и 30.000 западни војници кои би го надгледувале примирјето.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц исто така најави учество на Бундесверот. Овие мултинационални сили треба да служат како гарант против нова агресија, истовремено помагајќи во обновата на украинските вооружени сили.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
