Преглед на вестите од светот
Убиството на 37-годишната Рене Никол Гуд, самохрана мајка на три деца, која беше смртно застрелана од службеник на Службата за имиграција и царина во нејзниот автомобил вчера во Минеаполис, предизвика бес и масовни протести во Минесота и низ целите САД. Демонстрантиет бараат итна истрага и одоговорност, додека организациите за човекови права предупредија на зголемената употреба на смртоносна сила во федералните операции.
Снимките направени од минувачи го покажуваат возилото паркирано на средина од улицата додека имиграциските агенти му се приближуваат. Автомобилот почнува да се движи, прво наназад, а потоа напред, а еден од агентите вади пиштол и испукува најмалку два истрела кон возачот. Автомобилот ја губи контролата откако се испукани истрели и се удира во паркирано возило.
Федералните власти го оценија пукањето како чин на самоодбрана, според очевидци жената само сакала да си замине без да биде легитимирана а застанала на улицита за да го попречи конвојот на имиграциските агенти.
Градоначалникот на градот рече дека пукањето било непотребно и побара имиграциските агенти да си заминат од градот.
„Тие веќе се обидуваат да го претстават ова како акција на самоодбрана. Откако го видов видеото и самиот, сакам директно да им кажам на сите. Тоа се глупости. Ова беше агент кој несовесно користеше моќ, што резултираше со смрт, убиство на некој. Ние заедно ќе направиме сè што е можно за да се дојде до крајот на ова, да се добие правда и да се осигураме дека ќе се спроведе целосна истрага.
-Нема ништо што укажува дека оваа жена била цел на каква било истрага или активност на полицијата. Оваа жена била во својот автомобил и се чини дека потоа ја блокирала улицата поради присуството на федералните сили за спроведување на законот, што очигледно се случува не само во Минеаполис, туку и низ целата земја.
Руските напади врз енергетската инфраструкутра на Украина доцна синоќа оставија големи делови од Дњепропетровск, Запорожје и околните регионо без електрична енергија, вода и греење сооптши Министерството за енергетика.
Според нивните подаотци најлошо е во Дњепропетровск, каде што 800 000 луѓе се без електрична енергија.
-Енергетските работници почнаа со реставраторски работи ноќеска.Поправките продолжуваат во регионот за да се врати електричната енергија и топлината на потрошувачите. Објектите на социјалната и критичната инфраструктура делумно се снабдени со електрична енергија, изјави Артем Некрасов, министер за енергетка на Украина.
Министерот предупереди дека ситуацијата би можела да стане многу поопасна во наредните денови ако струјата и греењето не се обвноват, бидејќи прогнозите покажуваат дека ноќните температури ќе паднат на минус 8 степени Целзиусови овој викенд и на минус 11 степени Целзиусови од следниот понеделник.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
