Преглед на вестите од светот
Националниот безбедносен тим на САД треба да се состане во текот на денот за да разговара за опциите за интервенција во Иран, како одговор на смртоносното задушување на антивладините протести соопшти Белата куќа.
Американската невладина организација „Активисти за човекови права во Иран“ ја потврди досега смртта на 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили, а повеќе од 10.600 лица се уапсени од 28 декември. Иранските власти не даваат официјални бројки.
- Едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е секогаш да ги држи сите свои опции на маса, а пистите за авиони би биле една од многуте. Дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот. Тој ви кажа на сите вас синоќа дека она што го слушате јавно од иранскиот режим е сосема различно од пораките што администрацијата ги добива приватно, и мислам дека претседателот има интерес да ги истражи тие пораки. претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно и никој не го знае тоа подобро од Иран, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.
Шефот на иранската дипламтија изјави дека ситуацијата во Иран е под контрола. Немирите се смириле, а синоќа десетици илјади луѓе излегле на улиците на Техеран за поддршка на владата
„Нашите сили за спроведување на законот сега имаат целосна контрола врз ситуацијата. Се надеваме дека нема да бидат направени погрешни пресметки од други земји. Од наша перспектива, она што се случи во текот на трите дена од 8 до 10 јануари беше продолжение на 12-дневната војна - планирана од странство и со цел да се внесат немири во нашата земја.“
Американското претставништво за Иран упати итен апел до американските државјани веднаш да ја напуштат земјата, предупредувајќи дека безбедносната состојба се влошува и дека немирите во повеќе делови од Иран продолжуваат да ескалираат.. Во меѓувреме Трамп најави дека земјите што тргуваат со Иран ќе се соочат со царина од 25% за трговијата со САД. Кина, најголемиот трговски партнер на Иран, им порача на Соединетите Држави де не ги користат другите земји како изговор за остварување на сопствените интереси.
- Ставот на Кина во врска со царините е многу јасен - нема победници во царинска војна. Кина цврсто ќе ги заштити своите легитимни права и интереси. МАО НИНГ, портпарол на министесртвото за надвошрени работи на Кина.
Утре во Вашингтон, министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, и данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, ќе се сретнат со државен секретар на САД Марко Рубио и потпретседателот на САД Џеј ди Венс поради заканата од Трамп за преземање на Гренланд, автономна територија во рамките на Кралството Данска.
„Нашата причина за барањето на состанокот што сега ни е даден беше да ја преместиме целата оваа дискусија, која не стана помалку напната од последната средба, во сала за состаноци каде што можеме да се погледнеме во очи и да разговараме за овие работи и затоа немам никакви понатамошни коментари додека не го одржиме тој состанок во Вашингтон утре.“
Трамп првпат ја изнесе идејата за американско преземање на Гренланд во 2019 година, за време на неговиот прв мандат во Беката куќа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
