Преглед на вестите од светот
Масовните антивладини протести во Иран продолжуваат.
Трамп тврди дека иранските власти повеке не убиваат демонстранти и не планираат егзекуции на приведени демонстранти. Воената опција на САД се уште останува на маса нагласи американскиот претседател.
- Ни беше кажано дека убиствата во Иран престануваат, престанаа, престануваат и нема план за егзекуции или егзекуција или егзекуции. Па ми беше кажано дека од добар извор, ќе дознаеме за тоа.
- Ќе набљудуваме и ќе видиме каков е процесот. Доналд Трамп,, претседател на САД
Шефот на иранската дипломатија најавите за погубувања ги оцени како западни дезинформации. Немирите од 8 до 10 јанури, Аракчи ги опиша како тероростички операции, организирани од Израел, но не понуди докази во поддршка на неговото трвдење.
- Никакво бесење денес или утре или што и да е. Можам да ви кажам, уверен сум во тоа. Воопшто нема план за бесење. Претседателот Трамп рече дека ако има убиства, тој ќе интервенира и тие сакаа да го вовлечат во овој конфликт. И тоа беше токму израелско-израелски заговор, изјави Абас Аракчи, министер за надворешни работи на Иран.
Тој повтори и дека Иран е подготвен за преговори, за дипломатија, но на ТРамп е да одлучи. Советот за безбедност на ОН вечерва на барање на САД ќе се состане на брифинг за ситуаицијата во Иран.
Путин е подготвен за мир. Зеленски ја блокира можноста за договор за завршуавње на четиригодишната војна истакна Трамп во интервју за Ројтерс.
Мислам дека Путин е спремен да склучи договор. Мислам дека Украина е помалку спремна. Зеленски е виновен што преговорите предводени од САД досега не ја решија војната, наведе американскиот претседател.
Кремљ кој долго време го обвинува Зеленски дека го кочи мирот во Украина , експресно го поздрави ставот на ТРамп.
Се согласуваме со ова. Ова е навистина точно. Претседателот Путин и руската страна остануваат отворени. „Ситуацијата за режимот во Киев се влошува од ден на ден, како што рековме, и просторот за донесување одлуки се стеснува за нив. Минатата година рековме дека одамна е време Зеленски да преземе одговорност и да донесе соодветна одлука. Досега, ова не е направено во Киев.“
Песков соопшти и дека се подготува нова рунда америкако руски преговори за Украина.
Наса првпат евакуираше астронаут од вселената поради здравствени причини. Болниот астронаут се врати на Земјата со тројца свои колега, прекинувајќи ја мисијата на Меѓунардоната вселенска станица еден месец порано од предвиденото.
Нивната капсула се спушити во водите на Тихиот океан во близина на бреготт на Сан Диего 11 часа откако ја напушти станицата. Наса не го откри идентитетот на астронаутот кој има здравствени проблеми и за што станува збор.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
