Loading Video...
Свет
18. January 2026 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат трговскиот договор меѓу ЕУ и САД откако американскиот претседател Доналд Трамп објави нови царини за европски држави како дел од неговиот обид да ја преземе контролата врз Гренланд.

Потврдата доаѓа откако претседателот Европската народна партија манферд Вебер , рече дека ескалацијата на тензиите значи дека Парламентот на 26ти јануари нема да гласа за пакт што би поставил американски тарифи за увоз од ЕУ на 15 проценти во замена за немање тарифи за американскиот извоз. Договорот предвидуваше американски царини од 15 проценти за увоз од ЕУ, во замена за тоа Унијата да не воведува давачки за американски производи.

Последната одлука на Трамп да воведе царини од 10 отсто  за земјите кои застанале на страната на Гренланд  предизвикаа бројни реакции кај европските лидери. Дел од нив сметаат дека заканата е несоодветна и целосно погрешна. 

„ Воведувањето нови санкции денес е грешка. Верувам дека е потребно да се продолжи дијалогот за ова и да се избегне ескалација, и тоа е она на што работам. Во оваа фаза е многу важно да се разговара едни со други и дека е многу важно да се избегне ескалација, бидејќи е можно да се работи заедно за да се постигне резултат што е корисен и неопходен за сите.“, порача Мелони. 

По ваквите реакции, претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, изјави дека не очекува Вашингтон да продолжи со воена интервенција во Гренланд.

Изјава Мајк Џонсон, претседател на преставничкиот дом на САД 1

„Не предвидувам воена интервенција во Гренланд. Тоа е мала популација на луѓе и мислам дека дипломатските канали се вистинскиот пат, и мислам дека назначувањето на претставник од страна на претседателот, знаете, го признава тоа.“

Холандија предупредува дека ескалацијата на тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд може да доведе до распад на НАТО алијансата. Во Данска пак се интензивираат протести против акциите на САД што сугерираат контрола врз Гренланд.

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, го обвини Трамп за неколкунеделните протести откако групите за човекови права соопштија дека насилното задушување од страна на безбедносните сили одзело илјадници животи. Според иранските власти, најмалку 5.000 луѓе се убиени во протестите кои избувнаа на 28 декември поради економските тешкотии и прераснаа во широки демонстрации со кои се бара крај на свештенското владеење во Исламската Република.

За Вашингтон, случувањата во Иран се „добредојдени“ и имаат за цел да го поддржи „процутот на слободата“ во земјата.

Давос го пречекува првиот бран учесници на СЕФ

Светскиот економски форум по 56. пат ќе ги собере водечките лидери од владите, бизнисот и граѓанското општество на својот годишен состанок во Давос, Швајцарија, кој ќе се одржи од 19 до 23 јануари. Под мотото „Во духот на дијалог“, Форумот ќе обедини околу 3.000 лидери од над 130 земји. Се очекува рекордно владино учество со присуство на околу 400 врвни политички лидери, меѓу кои близу 65 шефови на држави и влади и шест лидери од Г7. Во Давос патува и премиерот Мицкоски и вицепремиерот Сали. Првите учесници веќе се пристигнати.