Loading Video...
Свет
20. January 2026 - 20:02

Преглед на вестите од светот

173 000 домаќинства во Киев се без електрична енергија по синокешниот воздушен наапд на Русија, соопштија тамошните власти. Украинската армија објави дека нападот бил изврешн со над 300 дронови, балиситички и крстосувачки ракети. Шефот на укрианската дипломатија нападот го нарече варварски и повик за будње на светските лидиери што се собираат во Давос.

„Ни е потребна итна дополнителна енергетска помош, воздушна одбрана и пресретнувачи, како и притисок со санкции врз Москва. Илајдници домови во Киев се без греење на ниски температури напиша Андриј Сибиха на платформата икс.

Бугарскиот претседател Румен Радев и официјално ја достави својата оставка до Уставниот суд на Бугарија, откако вчера на вонредната прес конфренција објави дека се повлекува од претседателската функција, една година пред завршување на мандатот. Судот сега треба да се произнесе дали ќе ја прифати остваката. Законите не предвидуваат задолжителен рок во кој судот мора да донесе одлука.

Доколку судот ја прифати остваката на Радев, во народното собрание на Бугарија ќе бидие закажана церемонија на која потпретседателка Илијана Јотова ќе ја преземе претседателската функција. Одлуката на Радев доаѓа во момент кога Бугарија се подготува за осми парламентарни избори за само пет години.

Неможноста на традиционалните партии, како Герб и колацијата Продолжувам, е со промената - Демократска Бугарија да формираат стабилна влада, создаде политички вакуум кој Радев планира да го пополни, велат аналитичарите.

-Румен Радев нема време да регистрира партија. Веројатно ќе посегнат по нешто што е направено и претходно - неколку партии формираат коалиција и ова е формацијата со која претседателот ќе се кандидира на изборите, предвидува политикологот од „Тренд“ Димитар Ганев во „Интервју во НОВА њуз“.

На прашањето кои би биле гласачите на Радев, според Ганев најголемата резерва е во неопределените помеѓу 800 илјади и 1 милион во последната година и пол.

Доналд Трамп се закани дека ќе ги погоди француските вина и шампањ со царини од 200 проценти, откако Макрон одби да се придружи на неговата иницијатива „Одбор за мир“ насочена кон решавање на глобалните конфликти.

-Париз нема да се предомисли. Повелбата на предложениот одбор оди многу подалеку од првичната цел, надгледување на обновата на воено разурнатата Газа. Тоа покренува прашања за улогата на ОН, соопшти Елисејската палата.

Според нацрт-документот, кој беше доставен до десетици земји, од членовите се бара и значителен финансиски придонес од една милијарда долари за подолгорочно членство.

„Членовите во одборот наскоро ќе бидат објавени, но можам со сигурност да кажам дека станува збор за најдобриот и најпрестижниот одбор што некогаш бил формиран“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.