Преглед на вестите од светот
Американски, руски и украински претставници во Абу Даби, ги оддржуваат првите заеднички трилатерални разговори од почетокот на руско украинската војна во февруари 2022 година. Во фокусот статуст на регионот Донбас во Источна Украина. Зеленски постојано изјавува дека нема да го остави Донбас на Русија, велејќи дека Москва би можела да го искористи како појдовна точка за идни напади.
-Прашањето за Донбас е клучно. Ќе се дискутира за тоа и како трите страни го гледаат регионот, вели Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Путин кој доцна синока имаше состанок со американските преговарачи Витков и Кушнер во Москва потенцирал дека без решение за територијалното прашање, нема да има траен мир пренесе советнкот на Кремњ, Ушаков.
-Разговорите траеја приближно четири часа и беа исклучително суштински, конструктивни и, би рекол, исклучително искрени и полни со доверба. Најважно од сè, за време на овие разговори меѓу нашиот претседател и Американците, уште еднаш беше потврдено дека без решавање на територијалното прашање според формулата договорена во Анкориџ, нема надеж за постигнување долгорочно решение, изјави Јури Ушаков, советник за надворешни работи на Кремљ.
Украинската делегација во Абу Даби ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров и шефот на разузнавањето Кирил Буданов. Руската страна ја предовид Игор Костјуков. Шеф на военото на разузнавање. Вашингтотн пак во Абу ДАби ги испрати Стив Витков и Џаред Кушнер.
Досегашната потпретседателка Илијана Јотова е новата претседателка на Бугарија, откако уставниот суд ја потврди остваката на на шефот на државата Румен Радев. Според Уставот, по престанокот на овластувањата на шефот на државата, потпретседателот ја презема функцијата претседател до крајот на мандатот. Јотова е првата жена во историјата на Бугарија што ја извршува функцијата претседател.
Мандаот ќе и заврши во јанаури 2027 година. Како нов шеф на државата, Јотова ја преземја одоговорноста за именување на привремена влада и одредување на даутот за престојните парламентарни избори .Радев порача дека Јотова е одличен и достоен наследеник и и се заблагодари за соработката во изминатите девет години.
Во 2016 година, таа влезе во претседателската трка како партнерка на Румен Радев. Двајцата убедливо освоија два последователни мандати.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
