Преглед на вестите од светот
Еден загинат, 15 повредени и 1,2 милиони луѓе без струја. Русија изврши масовен напад врз енергетскиот систем на Украина во раните утрински часови. Мета на руските ракети беа Киев и Харкив. Речиси 6.000 згради во главниот град останаа без греење во моменти кога температуратурата беше околу -10 целзјусови степени. Москва ја нападна Украина во вредеме кога во Абу Даби траат трилатерални разговори меѓу Русија и Украина во посредство на САД. Разговорите сепак, барем засега немаат знаци на компромис.
Дел од жителите на Харкив стравуваат – како да се помине зимата кога нема услови за живот.
Како и каде ќе ја поминеме ноќта е нејасно. Прозорците се скршени, а ние имаме еднособен апартман.
Москва ја спроведува својата најсилна кампања на бомбардирање на енергетските објекти оваа зима, оставајќи ги луѓето низ Украина само со неколку часа струја дневно, а голем дел од нив и без греење или вода. Русија ноќта лансирала 375 дронови и 21 ракета. Ова е трет масовен ракетен напад на Русија од Нова Година наваму. Во меѓувреме, Полска испраќа стотици генератори за Украина во обид да му помогне на Киев да се справи со енергетската криза.
Соединетите Американски Држави ги погоди голема снежна бура. Снимките од сателит покажуваат дека речиси сите континентални држави се погодени. Службите предупредуваат и на можни прекини на снабдувањето со електрична енергија. Властите предупредуваат за силни врнежи од снег, замрзнат дожд. 14 соединети држави веќе прогласија вонредна состојба.
Невремето одложи 3.400 летови денеска и уште 5.000 летови кои беа закажани за утре.
Авионите на Ер Франс избегнуваат да летаат над Блискиот Исток поради растечките тензии во Иран. Откажани се летовите кон Дубаи, а компанијата соопшти дека ги следи геополитичките случувања на Блискиот исток. Оваа одлука доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на носач на авиони и други воени бродови во близина на Блискиот Исток.
Илијана Јотова е првата претседателка на Бугарија откако Уставниот суд ги суспендираше овластувањата на Румен Радев кој поднесе оставка за да се кандидира за иден за премиер. Јотова досега беше потпретседателка на Бугарија.
Му се заблагодари на Радев за деветгодишната соработка и рече дека ќе продоли да ја извршува функцијата со посветеност и одговорност. Согласно бугарскиот Устав, Јотова ќе ја извршува функцијата претседателка до крајот на мандатот за кој избран беше Радев. Мандатот завршува во јануари идната година.
Радев поднесе оставка за да се кандидира на претстојните парламентарни избори оваа пролет – седми последователни од април 2021. Последната влада на Росен Жељасков падна по масовните протести поради предлог-буџетот за 2026 – кој никогаш не беше усвоен.
Бугарија влезе во спирала со предвремени парламентарни избори откако заврши мандатот на третата влада на Бојко Борисов. Оттогаш имаше низа привремени, односно технички владе назначени од претседателот Радев, и само две редовни политички влади кои не успеаја да ги завршат своите мандати.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
