Преглед на вестите од светот
Протести во Минеаполис по убиството на американскиот државјанин Алекс Прети од страна на агентите на Службата за имиграија и царина, позната како I.C.E. Прети беше убиен од страна на агентите откако се обидел да им помогне на други демонстрати. Последниот од низата инциденти поврзани со агентите на ICE ги подели локалните и федералните власти. Локалните бараат ICE да ја напушти Минесота, федералните ги бранат агентите.
- Нашата порака е навистина јасна и директна. Ни треба ICE надвор од Минесота. Тие не нè прават побезбедни, како што трагичното убиство утрово, како што луѓето го видоа визуелно на тоа видео, ни покажува дека нè прават помалку безбедни, рече сенаторката Ејми Клобучар.
- Кога продолжувате насилството против владата поради идеолошки причини и од причини за отпор и продолжување на насилството, тоа е дефиницијата за домашен тероризам. Ова лице кое дојде со оружје и муниција за да спречи полициска операција на федералните службеници за спроведување на законот, изврши чин на домашен тероризам. Тоа се фактите.
37-годишниот Прети работеше како болничар во болница за воени ветерани во Минеаполис. Најголемиот град во Минесота повеќе од еден месец е во фокусот на војната на претседателот Трамп против илегалната миграција. Распоредени се околу 3.000 агенти на Ice. Тоа беше причина за протести на кои жителите бараат повлекување на трупите.
Соединетите Американски Држави погодени од силна снежна бура. Милиони луѓе се погодени од силни снежни врнежи, мраз и опасно ниски температури. Затворени се автопати, а во повеќе региони блокирани се возачи. Екипи на итните служби и волонтери се обидуваа да ги одглават заглавените возачи.
Половина милион домаќинства се оставени без струја, а бурата приземји речиси 10.000 авиони ширум сојузните држави.
Ова е секако ретка бура бидејќи има многу голем обем. Зборуваме за овој систем на бури што ќе зафати добар дел од земјата. Милиони Американци го чувствуваат зимскиот студ.
Вонредна состојба е прогласена во 14 сојузни држави.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му одговори на украинскиот претседател – Унгарија нема да биде заплашена. Орбан вели дека претседателите доаѓаат и си одат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Ова доаѓа откако Зеленски, според Будимпешта, во говорот на Светскиот економски форум во Давос ја нападнал унгарската влада и Орбан лично.
Будимпешта смета дека Украина добила се што побарала и дека Брисел го прифатил секое украинско барање – 800 милијарди долари за Киев, забрзан пристап кон ЕУ до 2027 и поддршка до 2040 година.
Зеленски во четвртокот ЕУ ја опиша како „прекрасен, но фрагментиран калеидоспок од мали и средни сили, оценувајќи дека Унијата не е доволно подготвена да се соочи со руската агресија и со другите глобални безбедносни ризици.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
