Преглед на вестите од светот
Воени бродови на САД пловат кон Иран објави Трамп и испрати порака до Техеран дема мора брзо да седне на масата за преговори и да преговара за нуклеарната програма.
- И во јуни, го уништивме нуклеарниот капацитет на иран во операцијата „полноќен чекан“. Го видовте тоа. Луѓето чекаа 22 години да го направат тоа. И ние бевме во право на крајот. Тие беа околу еден месец подалеку од тоа да имаат нуклеарно оружје. Моравме да го направиме тоа. И патем, има уште една прекрасна армада што прекрасно плови кон иран токму сега. Па ќе видиме. Се надевам дека ќе постигнат договор. Се надевам дека ќе постигнат договор. Требаше да постигнат договор уште првиот пат, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Шефот на иранската диплматија му одговори на Трамп – водењето дипломатијата преку воена закана не може да биде ефикасно или корисно.
- Нашиот став е јасен. Преговорите не можат да се одвиваат под закани и сите разговори мора да се водат во услови каде што заканите и прекумерните барања се оставаат настрана.„Воена закана би довела до нестабилност низ целиот регион, особено со оглед на природата на присуството на САД таму, изјави Абас Аракчи, министер за надворешни работи на Иран.
Порака до Вашингтон испрати и Турција. Министерот за надвореши работи Хакан Фидан предупреди дека нов напад врз Иран е погрешен чекор што би имала непредвлиди последици. Ги повика двете страни да ги решат своите проблеми дипломатски и постепено.
Првиот официјален извештај на Царинската и гранична заштита на САД за смртоносниот инцидент во Минеаполис во сабоата , во кој беше убиен американскиот државјанин Алекс Прети, покажува дека тој бил застрелан од двајца службеници на граничната патрола на САД. Во извештајот не се наведува дека Прети пукал или се обидел да употреби оружје во моментите пред да биде убиен, Официјалниот документ се разликува од претходните соопштенија на
Министерството за внатрешна безбедност на САД, во кои се тврдеше дека Прети мавтал со оружје Демократите во Конгресот побараа оставка од министерката за внатрешната безбедност Кристи Ноем. Убиството на Прети, бел 37-годишен медицински техничар кој работел во болница за ветерани, ги разгоре тензиите околу масовната репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во градовите управувани од демократите и предизвика бес откако федералните службеници го обвинија Прети за постапките кои довеле до неговата смрт.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
