Преглед на вестите од светот
Путин го прифати барањето на Трамп – Русија нема да ја напага Уркаина до 1 февраури потврди Кремљ. Портпролот Дмитри Песков рече дека руските сили запреле со напади врз Украина но одби подетално да го објасни барањето на американскиот претседател.
- Претседателот Трамп навистина лично го замоли претседателот Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела до 1 февруари, со цел да се создадат поволни услови за преговори. Тоа е она што можам да го кажам за ова прашање.“
Трамп синока откри дека го замолил Путин , руските сили да ги пзаузираат нападите врз Уркаина бидејки земјата се соочува со есктремен студ и сериозни проблеми со електричната енергија и греењето. По обајвата на американскиот претседател, руските воздушни напади запреле соопштија украинските власти. Руските сили оваа зима ги засилија и зачестија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, што ја предвика најголема енергетска криза во земјата од почетокот на војната пред четири години.
- Ситуацијата останува најтешка во Киев, особено со проблемите со греењето. Повеќе од 450 станбени згради во неколку области во Киев се без греење, повеќето од нив како резултат на нападите, изјави Володимир Зеленски, претседател на Уркаиан.
Фидан додаде дека Израел се обидува да ги убеди САД да го нападнат Иран. Тој рече дека во четвртокот разговарал со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, додавајќи дека се надева дека може да се најде решение за да се избегне конфликт и изолација на Иран.
Иран е отворен за преговори со САД за нукеларната програма но овие преговори мора да бидат фер, со еднакви права и врз основа на заемна почит, порача порача шефот на иранскаат диплматија Аракчи за време на заедничката прес конрефенција со својот туркси колега Фидан во Истнабул.
„Како што реков, ние сме подготвени за фер и правични преговори. Прво мора да се направат прелиминарни подготовки за такви преговори - во врска со форматот на разговорите, локацијата и темите што ќе се дискутираат.“„Резултатите од преговорите ќе бидат утврдени на преговарачката маса, а не пред разговорите. Ако едната страна сака однапред да ги наметне своите барања, ова повеќе не се преговори и Исламската Република Иран никогаш нема да влезе во такви разговори, изајви Аракчи, министер за надворешни работи на Иран.
Трамп му рече на Иран да склучи нуклеарен договор, за да избеген нов напад.
Имаме многу многу големи, многу моќни бродови што пловат кон Иран во моментов. И би било одлично ако не моравме да ги користиме,предупреди Трамп.
Американскиот министер за одбрана Хегсет изјави дека армијата е подготвена да го спроведе секое решение на претседателот Трамп во врска со Иран, со цел да се спречи Техеран да продолжи со развојот на нуклеарно оружје.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
