Преглед на вестите од светот
Документи на 3 милони страници од кои голем дел се преписки преку мејлови, заедно со 180 000 фотографии и 2 000 видеа поврзани со починатиот сексуален претстапаник Џефри Епстин се објавени од страна на Американското министесртво за правда.
Во новобјавените документи се имината на бројни познати личности од светот на политиката, бзинисот, и забавата вклучувајки ги Трамп, неговиот министер за тргововија Хауард Лутник и Илон Маск. Тоа е е најголем број документи споделени од владата откако законот го наложи нивното објавување минатата година.
-Категориите на документи што се задржуваат вклучуваат оние што според Законот се дозволени да бидат задржувани, датотеки што содржат лични информации за жртвите или лични и медицински досиеја на жртвите и слични датотеки, чиешто откривање би претставувало јасно неоправдано нарушување на личната приватност. Сè што би ја загрозило активната федерална истрага. И конечно, сè што прикажува или содржи слики од смрт, физичко злоставување или повреда, исто така, не е доставено.
Американскиот претседател се поврзува со тврдења за забави со млади девојки и сексулансо злоставување и навдна трговија со луѓе. Но документите јасно англасуваат дека дел од информациите се пренесени посредно и дека во бројни случаи не постојат потврдени докази. Документите откриваат лаќни изјави од министерот за трговија Лутник.
Тој престојувал на приватниот остров на Епстин во 2012 година, иако претходно тврдше дека ги прекинал односите со него уште во 2005 година. Се споменува и номинираниот претседател на Федералните резерви Кевин Ворш. Нетого име се појавува на листа на гости за божиќно собирање.
Илон Маск во една од имејл комикациите со Епситин, го прашува кога е најлудата забава на твојот остров.
Можете ли да ја уверите американската јавност дека претседателот Трамп, како и секоја друга истакна личност чии име се појави во врска со досиејата на Епстин, дека сите докумнети, фотографии и се што е релеватно за него поврзано со случајот се објавуваат.
-Мојот тим има одредени комуникации со Белата куќа. Да бидам јасен. Тие немаа никаква врска со овој преглед. Тие немаа никаков надзор врз овој преглед. Тие не му кажаа на ова министерство како да го направи нашиот преглед, што да бара, што да редактира или што да не редактира.
Епстина беше осмничен дека злоупотребил илјадници малолетни и млади жени и дека им овозможувал пристап до нив на познати личности. Епштајн се самоуби во затвор во Њујорк во 2019 година додека чекаше судење.
Сериозен технички дефект во електроенергетскиот систем на Украина утринава предизвика масовни прекини на алектрична енергија во поголем дел од земјата, како и во Молдавија, соопштија украинските власти. Мегу погоденте градови е и Киев, каде што е запрен сообракајот на подземната железница.
Дел од патниците останале заглавени во тунелите со часови, пред да бидат безбедно евакуирани.Претседател Зеленски изјави дека се преземени „сите неопходни мерки“ за обновување на електроенергетската мрежа и дека се очекува стабилизација на состојбата во најкраток можен рок.
Американскиот претседател Трамп изјави дека Иран сака да склучи договор за нукеларната програма , но не даде други детали, велејки дека ќе видиме што ќе с случи.
„Ќе видиме како ќе се одвива сето тоа.
НОВИНАР „Дали му давате на Иран некаков рок да склучи договор пред потенцијално...“
ТРАМП: „Само тие знаат со сигурност.“
НОВИНАР „Ако Иран не склучи договор, дали планирате таму да го повторите она што го направивте во Венецуела?“
ТРАМП: „Не сакам да го кажам тоа. Не сакам, не сакам да зборувам за ништо што има врска со она што го правам воено. Но, таму имаме извонредно моќна флота
Шефот на иранската диломатија Аракчи, пак, изјави дека засена нема планирани разговори со САД, но додаде дека Техеран е отоворен за преговори засновани на меѓусебно почитување и доверба.
Иран инсистирира дека неговата нуклеарна програма е само за мирнои цели и посотјано ги отфлра обвнувањата од Соединетите држави и нивните сојузници дека се обидува да развие нуклеарно орујже.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
