Loading Video...
Свет
14. March 2026 - 16:46

Преглед на вестите од светот

Србија стана првата европска земја со кинески суперсонични ракети CM-400, објави претседателот Александар Вучиќ. Ракетите имаат дострел до 250 км и достигнуваат брзина од 5 мака при приближување до целта. Вучиќ не откри колку ракети Србија купила и колку и плати на Кина за нив.

Русија рано утрово изври комбиниран масовен воздушен напад врз Украина користејќи речиси 500тини дронови и ракети, соопшрија украинските власти.

Според Зеленски, главни цели на нападот биле енергетската инфраструктура и цивилниоте области. Во регионот на Киев, загинале најмалку 4 лица, а 15 се повредени.

Северна Кореја изврши значајна демонстрација на воена моќ со лансирање на околу 10 балистички ракети од областа Сунам, во близина на Пјонгјанг. Проектилите паднаа во Јапонското море, надвор од експлозивната економска зона на Јапонија. Оваа акција се случи во екот на годишните воени вежби „Штит на слободата“ кои САД и Јужна Кореја ги спроведуваат до 19 март.