Преглед на вестите од светот
Трамп преку пост на Трут соушл испрати нова закана кон Иран Ако нема мировен договор за кратко време и не го отворите Ормсуткисот теснец, ќе ја уништиме вашата енергетската инфраструктура.
„Соединетите Американски Држави се во сериозни разговори со НОВ И ПОРАЗУМЕН РЕЖИМ со цел да завршат нашите воени операции во Иран. Постигнат е голем напредок, но ако од која било причина наскоро не се постигне договор, што веројатно ќе се случи и ако Ормускиот теснец веднаш не биде ‘ОТВОРЕН ЗА РАБОТА’, ние ќе го завршиме нашиот пријатен ‘престој’ во Иран така што ќе ги разнесеме и целосно ќе ги уништиме сите нивни електрани, нафтени полиња и островот Харг порача шефот на САД . Според објавата на Трамп, тоа веројатно ќе ги вклучи и фабриките за десалинизација на вода. Тој вели дека сите овие стратешки позиции намерно уште не биле „допрени“ во војната.“
Иран нема да прифати услови под притисок порача Иранското министерство за надворешни работи.
- Барањата (на САД) беа многу претерани, нереални и нелогични. Дали Ормутскиот теснец некогаш бил затворен пред 28 февруари? Иран, во текот на сите овие години и во текот на овие децении, бил слободен чувар на поморскиот транзит во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец. Она со што светот се соочува сега е резултат на воената агресија на Америка и ционистичкиот режим.“
Владата во Техеран го затвори Ормутскиот теснец, витален глобален транспортен пат за извоз на сурова нафта брзо откако почна војната на 28 февруари што доведе до скок на цените на нафтата.
Во меѓувреме Пакистан објави дека се подготува да биде домаќин на мировни преговори помеѓу САД и Иран во наредните денови.
- Пакистан ќе биде почестен да биде домаќин и да олесни значајни разговори помеѓу двете страни во наредните денови за сеопфатно и трајно решение на тековниот конфликт, изјави Ишак, Дар, министер за надворешни работи на Пакистан.
Од друга страна, Израел најави проширување на безбедносниот појас во јужен Либан додека ги продолжува меѓусебните напади со Иран. За пресретнати ирански дронови јавуваат и САудиска Арабија и Кувајт.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
