Преглед на вестите од светот

Две лица се повредени откако руски дрон удри во станебан зграда во градот Галац во Источна Романија за време на синокешниот напад на Москва врз Русија, соопштија романскте власти. По ударот избувнал пожар. 70 жители се евакуирани од објектот. Градот Галац се наога во близина на границите со Молдавија и Украина. Според романското министесрво за одбрана, дронот влегол во романскиот воздушен простор но романските вооржени сили немале доволно време да го соборат. Според информациите, дронот бил од типот Геран 2, руска верзија на иранскиот дрон Шахед 136.
Геран 2 е таканаречен камиказа дрон за еднократна употреба кој ноис експлози и намерно се урива врз целта. Стручни тимови од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и романската разузнавачка служба вршат увид на местото на несреќата за да ги утврдат сите околности околу инцидентот.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека „руската агресивна војна премина уште една црвена линија“, додека НАТО го осудува „неодговорното однесување на Русија. Претседателот на Романија Никусор Дан го опиша инцидентот како „најсериозен“ што ја погодил романската територија откако почна војната меѓу Русија и Украина во 2022 година. Москва сеуште не коментирала.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху изјави дека и дал наредба на израелската војска да ја преземе контролата врз 70 проценти од Појасот Газа, игнорирајќи го прекинот на огнот. Според договорот за прекина на огнот постигнат со посредство на САД во октомври, израелските сили требаше да се повлечат до таканареченета жолта линија, која го означуваше просторот под нивна контрола. Со тој договор, Израел контролираше околу 53 проценти од Газа додека остатокот беше под власт на Хамас. Оттогаш израелските сили напредуваа.. Сега контролираме 64 проценти од територијата во енкалвата. Мојата директива е да се префлиме на 70 проценти . истакна Нетењаху.
Ново на Сител
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
-

Министерката Јаневска на увид на градежните работи во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје
-

Варирањето на нивото на Охрдиското Езеро остава последици врз растителниот и животинскиот свет
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
