Преглед на вестите од светот
Тригодишно момче е извлечено живо од урнатините шест дена по катастрофалните земјотреси во Венецуела, Клибер Моран беше пронајден жив во урнатините во Ла Гваира . Спасувањето го изведе јордански спасувачки тим, а детето по укажаната прва помош е пренесено во болница во Каракас, и е во стабилна состојба. Потрагата по преживеани продолжува соопштија венецуелските власти. Бројот на загинати се искачи на 1.943, додека повеќе од 10.000 лица се повредени, а илјадници сè уште се водат како исчезнати изјави претседателот на собранието, Хорхе Родригез.
Според сателитските податоци на НАСА, оштетени или целосно срушени се околу 59.000 згради.Обединетите нации предупредуваат дека десетици илјади луѓе имаат итна потреба од храна, засолниште и здравствена помош.
Тимовите на терен се сретнаа со луѓе кои рекоа дека, знаете, сега се загрижени како да набават храна на дневна основа. Некои од нив сè уште готват, но во моментов е тешко да се купи храна во сегашниот контекст, поради што им обезбедуваме и храна за готвење. Исто така, обезбедуваме и готова храна за јадење.“
Техничките тимови на САД и Иран одржуваат индиректни преговори во Доха, а Катар и Пакистан дејствуваат како посредници. Во фокусот е спроведувањето на рамковниот договор за ставање крај на војната постигнат пред две недели. Главниот ирански преговарач Мохамед Багер Галибаф соопшти дека засега ке се водат само индиректни разговори преку посредници.
Израелските сили нема да се повлечат од јужен Либан се додека Хезболах не биде целосно разоружан истакна изарелскиот премиер Нетњаху за врема на посетата на израелските сили во Јужен Либан. Издадавајки наредба за целосно уништување на инфраструкуктѕураа на милитната група, Нетањаху ги посетува израелските војници дека треба веднаш да дејствуваат доколку идетифкуваат закана за нивните животи.
- „Мислам дека најважното нешто што треба да го знаете, ова е пред сè дека нашата директива, мојата и на министерот за одбрана, началникот на Генералштабот и заменик-началникот на Генералштабот - е пред сè да се одбраните. Вие самите препознавате закана за вашата безбедност, за вашите животи, за вашите војници - да дејствувате. Не чекајте. Да дејствувате - ова е цврста директива, изјави Бенјамин Нетањаху, премиер на Изарел.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
