Преглед на вестите од светот
При масовен руски напад врз украинскиот главен град Киев утрово според официјалните лица, загинале најмалку осум лица, а над триесетина други биле повредени. Жителите на Киев се засолнија во метро станиците, каде ја минаа ноќта. Пожарникарите во Харков ги гаснеа пожарите по вчерашните напади, каде загина едно лице, а 32 беа повредени, додека во регионот Дњепропетровск загина една жена, а три други жени, од кои едната е бремена.
Руското Министерство за одбрана објави дека погодило воени и енергетски објекти околу Киев, како и воени аеродроми во неколку региони, вклучувајќи ги Полтава и Днепропетровск, како одмазда за нападот на Украина врз цивилната инфраструктура.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките извештаи покажуваат дека е веројатен напад врз земјата преку ноќ и од таа причина го скрати престојот во Даблин, кој го посети за почетокот на шестмесечниот мандат на Ирска како ротирачко претседателство со ЕУ.
Стотици семејства кои ги загубија своите домови во смртоносните земјотреси во Венецуела се засолнија во Спортски центар во Ла Гваира, кој е претворен во привремено засолниште и место за дистрибуција на храна, вода, лекови и донации.
Една недела откако двојните земјотреси бројката на загинати е 2.295 лица, а жителите на Каракас одржаа минута молчење во среата во спомен на загинатите во катастрофата. Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат низ урнатините со надеж дека ќе пронајдат преживеани.
ВД претседателката на Венецуела, Делси Родригез, ги посети меѓународните тимови за пребарување и спасување распоредени во Ла Гваира, додека продолжуваат напорите за пронаоѓање на преживеани во урнатините.
Родригез ги поздрави членовите на француските и перуанските тимови за пребарување и спасување, одвојувајќи време да разговара со персоналот, па дури и застанувајќи да го поздрави едно од кучињата за спасување распоредени во операцијата. Граѓаните ја критикуваат владата на Родригез за она што го нарекуваат бавен и несоодветен одговор од страна на државата.
Индиректни разговори меѓу САД и Иран се во тек во Доха, Катар, во среда, под посредништво на Катар и Пакистан, изјавил информиран извор за Ксинхуа. Разговорите се водат индиректно сега, без средби лице в лице меѓу двете страни, рекол изворот, додавајќи дека сесиите се затворени и дека ги водат медијаторите. Медијаторите известуваат за „позитивен напредок“ во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
